ПОЛУВРЕМЕ ЛШ: „Нула“ на „Емирејтс“, „еврогол“ на Лаутаро за водство против Баерн (ВИДЕО)

Арсенал и Реал Мадрид играат без голови 0-0 на полувреме во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Во 13. минута од натпреварот се случи првото возбудување и спорна ситуација. По шутот на Деклан Рајс топката заврши во раката на Асенсио, но главниот судија на мечот Ирфан Пељто од Босна и Херцеговина и со помош на ВАР не досуди пенал за топчиите.

Arsenal penalty shout vs Real Madrid 13’
byu/Mahatma_Gone_D insoccer

Во 31. минута Реал Мадрид ја имаше првата шанса преку Килијан Мбапе, но неговиот удар го спречи голманот на домаќините, Раја. Рајс и Мартинели имаа двојна шанса во 44. минута, но Тибо Куртоа успеа да го сочува својот гол.

Интер поведува на гостувањето кај Баерн Минхен со 0-1. Водство за гостите од 0-1 донесе Лаутаро Мартинез во 38. минута.

Bayern Munich 0 – [1] Inter – Lautaro Martinez 38‎'‎
byu/slimcase121 insoccer

Се вчитува...