Сенаторите-демократи од Калифорнија и Конектикат, Адам Шиф и Ричард Блументал, го обвинија Донлад Трамп, претседател на САД, за манипулации со берзите и инсајдерско тргување, јави телевизискиот канал Ен-Би-Си њуз.
Повод за обвинувањата беше неговиот коментар на социјалните мрежи дека индексот S&P 500 се опоравил за 9 отсто поради претходната најава за пауза на тарифите за 75 земји. Неколку часа пред да ја промени својата одлука за царините, Трамп напиша дека „сега е најдобро време за купување акции“.
-Ќе се обидеме да направиме сè што можеме за да ја расчистиме ситуацијата. Едно е кога некој на криптоберза тргува со семејни токени, но сосема друго е кога некој користи инсајдерски информации за лично богатење преку берзата. Се надевам дека наскоро сè ќе стане јасно, изјави Шиф.
Блументал рече дека во оваа одлука се крие огромна корупција, при што изминатоте денови огромни суми пари заработиле, „измамниците“ околу Трамп.
Со овие прашања се занимаваат сенатската Комисија за правосудство или Комисијата за финансии — на чело на двете тела се сенатори-републиканци, кои засега се воздржуваат од коментари, јавија американските медиуми.
Според податоците, најбогатите луѓе кои се наоѓаат на листата на милијардери на Блумберг во изминатото деноноќие поради растот на акциите се збогатиле за рекордни 304 милијарди долари. И тоа откако Трамп го промени мислењето и објави пауза за царините. Паузата не важи за царините наметнати кон Кина.