Џејсон Момоа и Адрија Арјона за првпат се појавија како пар на јавен настан.
На концерт за 50-годишнината на „Saturday Night Live“ во Њујорк, 45-годишниот актер беше придружуван од 32-годишната Порториканка.
Арјона изгледаше атрактивно во краток фустан од Ferragamo.







Парот присуствуваше на уште еден настан по повод 50-годишнината на SNL. Овој пат, тие шармираа во елегантни стајлинзи.





Момоа претходно 16 години беше во брак со 57-годишната Лиса Бонет. Тие се разделија во 2022 година, а нивниот развод беше финализиран во јануари 2024 година.
Заедно имаат две деца, 17-годишната Лола и 16-годишниот Накоа-Волф.

