Во болниците во странство и во земјава останува 71 повреден од трагедијата во Кочани

Од:

Во болниците во земјава се лекуваат седум пациенти од повредените во Кочани, во странство остануваат 64 пациенти

Во болниците во земјава во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои четири пациенти се хоспитализирани во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, еден пациент на Клиника за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница Систина.

Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти.

За денеска во текот на денот се очекува четворица пациенти да се вратат од лекување од болницата Пирогов во Република Бугарија.

Инаку, во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица.

Би можело да ве интересира

Пет пациенти денеска се враќаат од лекување од Србија, во странство се хоспитализирани 38 пациенти

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе ја затвориме истрагата за пожарот во Кочани

А1он

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

Замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост за двајцата поранешни директори на ДПИ осомничени за „Пулс“, бара Обвинителството

Катерина Ѓуровски