Карло Анчелоти би можел да не ја дочека цела сезона како тренер на Реал Мадрид. Иако се повеќе се шпекулира дека идната сезона „кралевите“ ќе имаат нов тренер, сепак, тоа може да се случи предвреме.
Италијанецот е под жестоки критики поради двете последни слаби изданија против Валенсија, а особено против Арсенал. „Топчиите“ го надиграа противникот, и заслужено триумфираа со 3-0, иако можеа да победат и со 5-6 голови разлика, а тоа го признаваат и самите играчи на Реал Мадрид.
„Марка“ денеска пишува дека Флорентино Перез бил до толку лут од играа на „кралевите“ на мечот во Лондон, што ако Реал Мадрид не го мине Арсенал, тогаш Анчелоти добива моментален отказ од клубот.
Ако тоа се случи, што е голема веројатноста со оглед на резултатот од првиот меч од 3-0, тогаш се очекува Италијанецот да биде заменет со некој в.д. тренер до крајот на сезоната, а потоа на клупата да седне Чаби Алонсо, актуелниот тренер на Баер Леверкузен за кого најтрофејниот тим во ЛШ ќе плати и отштета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА