Дончиќ уште е во шок, престана да го следи Далас маверикс на Инстаграм!

Лука Дончиќ повеќе не ги следи Далас маверикс на Инстаграм.

Размената на словенечкиот кошаркар во Лос Анџелес лејкерс запрепасти многу спортски ѕвезди, социјалните мрежи горат со коментари од типот „Првоаприлска шега е, нели?“, „Не може да е вистина“, НФЛ ѕвездата Патрик Махомс, кој често присуствува на натпреварите на Маверикс, рече: „Се чувствувам лошо“.

Ни самиот Дончиќ не веруваше дека ќе треба да си замине од клубот во кој ја мина целата досегашна НБА кариера. Тој очигледно е лут и разочаран од Маверикс, па престана да ги следи на Инстаграм.

Кевин Дурант рече дека кога слушнал дека Лука треба да оди во Лејкерс, помислил на Лука Гарза, ни на крај памет не му било дека е Дончиќ и дека Далас може да се ослободи од својата мега ѕвезда.

Шок изразија и други ѕвезди како Дирк Новицки, Џоел Ембид, Џејлен Брансон, Јанис Адетокумбо, итн.

Дончиќ оди во Лејкерс, а навивачите на Далас велат дека ова е најлош ден во историјата на клубот.

Фановите на Маверикс оставаа цвеќиња и пиво надвор од арената покрај статуата на Дирк Новицки рано утринава како одговор на трејдот на Дончиќ: „Почивај во мир, Далас“, „Ми треба пиво да се опоравам“ и слични пораки.

- Оглас -

Најнови вести