Дел од обвинетите за 27 април побараа иземање на судијата
Одбраната на Дејан Давидовски Дешо, кој е обвинет за упадот во Собранието на 27 април 2017, побара изземање на судијата Илија Трпков поради пристрасност. Адвокатите Тони Менкиновски и Ване Андреев посочија дека судијата Трпков кога ја донел ослободителната пресуда за организаторите на упадот во Собранието имал толкувања за настанот поради што не се очекува праведен процес. Давидовски е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок. Избега од државата и беше во Шведска, а тамошниот врховен суд не дозволи екстрадиција бидејќи станувало збор за политичко кривично дело.