„La fea más bella“, или кај нас позната како „Грдата Лети“, беше дел од многуте мексикански теленовели кои пред две децении се емитуваа на нашите телевизиски канали.

Доколку ја гледавте оваа серија, сигурно се сеќавате на главната актерка која влезе во улогата на Лети.
Протагонистката беше актерката Анхелика Вале. 49-годишната Мексиканка синоќа присуствуваше на доделувањето на наградите „Premio Lo Nuestro“.
На розовиот тепих во Мајами, таа се појави во цветен фустан од Давид Соломон.



Анхелика Марија, која ја глумеше мајката на Лети во серијата, е нејзина мајка и во вистинскиот живот. И двете се успешни актерки кои имаат свои ѕвезди на Патеката на славните во Холивуд.




