logo
logo
logo

Невреме во Италија: Наредена е евакуација, училиштата се затворени (ВИДЕО)

Vecer | 14.03.2025

Невреме во Италија: Наредена е евакуација, училиштата се затворени (ВИДЕО)

Во Тоскана, каде училиштата останаа затворени во неколку градови, вклучително и Фиренца, поради портокаловото предупредување за лошо време, во текот на ноќта се забележани обилни врнежи, особено интензивни во областа Муџело, северно од Фиренца, објави Национале.

Гувернерот на Тоскана Еугенио Џани на Телеграм изјави дека реките го надминале „нивото на тревога 1“ и дека реката Арно во Фиренца е над границата.

Во Фиренца улиците се претворија во реки, а на социјалните мрежи се појавија видеа од поплави.

Метеоролозите предупредуваат на дополнително влошување на времето, со „обилни и постојани врнежи од дожд во линијата што се протега од провинцијата Ливорно до провинциите Пистоја, Фиренца, Прато и Арецо“, рече Џани.

Во исто време, обилни врнежи ја погодија и Емилија-Ромања, главно во областите Форли, Равена, Болоња и Ферара, каде што неколку реки, како што се Сенио, Ламоне и Сандерно, ги надминаа нивоата на предупредување во планинските области на Апенините. Црвеното предупредување е на сила.

Во Болоња училиштата се затворени, а пониските катови во некои улици се евакуирани. Во сила е предупредување за поплавување на реки, помали потоци и опасност од лизгање на земјиштето.

Во Кампанија на сила е жолто предупредување за ветер и бури.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk