Македонија
(ВИДЕО) Јован кој спаси 20 деца во траорната несреќа во Кочани, денес беше пречекан со аплаузи

Јован Костадинов – Херојот кој спаси 20 деца, денес беше пречекан во гимназијата Ванчо Прќе во Виница.
Аплаузи, солзи, за детето кој со неговиот подвиг да спасува, ризикувајќи го сопствениот живот силно одекна во нацијата, чин кој ги заслужува сите почести!
Во продолжение погледнете го видеото од колегите од Angels FM 106.4
Капа долу!
Претходно министерот за здравство Арбен Таравари за Јован го напиша следново:
– Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома.
Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника и опасност не помисли на себе, туку само на другите?
Јован, кој има само 19 години, постапил како вистински херој. Влегувал повторно и повторно, не еднаш, не двапати, туку повеќе од 20 пати, за да помогне на оние што биле заробени во пламените. Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други.
Неговото тело ги носи лузните од неговото јунаштво, но неговото срце носи нешто далеку поголемо: почитта, восхитот и љубовта на цела нација.
Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи еден човек со големо срце.
Добредојде дома, Јован. Твојата приказна ќе живее вечно, во животите што ги спаси, во семејствата што повторно се заедно и во срцата на секој граѓанин што сега го знае твоето име.
Во име на сите граѓани, јас ќе кажам едно нешто, јасно и гласно: Никогаш нема да заборавиме.
Македонија
Во прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна

На 16.04.2025 во 13.16 часот во СВР Битола, О.С. од Прилеп пријавил дека на место викано „Сакира“ пронашол две неексплодирани гранати.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал гранатите, при што на местото дополнително биле пронајдени уште 14 артилериски гранати калибар 105 мм. кои потекнуваат од Првата светска војна.
Македонија
МВР информира за работното време на Управните служби за претстојните Велигденски празници

Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, ја информира јавноста дека утре (18.04.) сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје ќе работат во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици утре (18.04) ќе работат со следниот временски распоред:
Пункт Пролет – двосменски од 07.30 до 19.30 часот; Пункт МТВ – двосменски од 07.30 до 19.30 часот, а со истиот распоред ќе работат и пунктовите во Беко и во Ѓорче Петров;
Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена во периодот од 10.00 до 18.00 часот.
Притоа, ги известуваме граѓаните дека фотографирањето за лични документи ќе се врши без закажување на термин, а издавањето на документите ќе се одвива тековно.
Задутре пак (сабота 19.04.) ќе работат само шалтерите за издавање на лични документи во МТВ и Беко од 08:00 до 16:00 часот.
Македонија
Од денес времена измена на сообраќај на автопат „А1“ делница Демир Капија – Смоквица, ова се информациите

„АМСМ“ известува дека се отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од денес 17.4.2025 г. до 31.5.2025 год, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2.
Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка.
Извор: АМСМ
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (17 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (16 април)
-
Магазин2 дена
Спасен, Мето и Престиж Бенд концертот во Сиднеј ќе го донираат за настраданите во Кочани
-
Кичево10 часа
Св.Петар и Павле – Кичево, распоред на богослужби за Страсната и Светлата седмица (Велигден)
-
Временска прогноза2 дена
Времето за најголемиот христијански празник „Велигден“ ќе биде стабилно и сончево
-
Македонија1 ден
Штипјанец се здоби со тешки телесни повреди, во него удрило пмв „форд фиеста“ управувано од виничанец
-
Хроника10 часа
Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа
-
Култура24 часа
„Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој наш голем ден