Connect with us

Продукти

Оствари до 25% попуст во ресторани низ Турција со Visa картичка од Комерцијална банка!

Објавено

на

Доколку планираш патување во Турција, сега е идеално време да ја искористиш можноста за вистинска гастрономска авантура.

Со твојата Visa картичка издадена од Комерцијална банка можеш да добиеш до 25% попуст во избрани ресторани низ цела Турција преку апликацијата GastroClub.

Што треба да направиш:

1. Регистрирај се на апликацијата GastroClub.

2. Искористи го промотивниот код „VISA“.

3. Уживај во попустите додека истражуваш нови вкусови и култури!

Дознај повеќе детали за понудата тука:

https://www.visasoutheasteurope.com/macedonia/promotions/gastroclub.html

Сè уште немаш Visa картичка од Комерцијална банка?

Аплицирај онлајн и патувај со стил:

https://www.kb.mk/fizicki-lica.nspx

Банки

ПРОМОТИВНА ПОНУДА ШТО НЕ СЕ ПРОПУШТА – потрошувачки кредити од Стопанска банка АД – Скопје со намалени каматни стапки и без трошоци!

Објавено

на

Со цел да понуди уште поповолни услови за финансирање на лични потреби, Стопанска банка АД – Скопје ја претставува својата нова промотивна понуда за обезбедени потрошувачки кредити, достапна до крајот на јуни 2025 година.

Во рамките на понудата, за сите апликации примени во периодот од 1 март до 30 април 2025 година, клиентите добиваат:

  • Фиксна каматна стапка од 4,70% за првите две години за кредити со вклучено животно осигурување
  • Фиксна каматна стапка од 4,90% за првите две години за кредити со осигурување од незгода
  • 100% покривање на административните трошоци, нотарските и трошоците за процена

Клучни предности на кредитниот производ:

  • Можност за вклучување на животно осигурување или осигурување од незгода, со што клиентите добиваат поповолни услови
  • Ко-кредитобаратели можат да бидат и членови на потесното семејство
  • Кредитот се одобрува без потреба од меница, жиранти или депозит
  • Секој клиент кој ќе одбере кредит со осигурување од незгода добива подарок ваучер за купување на друго осигурување

Детали за кредитот:

  • Износ: од 15.000 МКД / 250 ЕУР до 1.500.000 МКД / 25.000 ЕУР
  • Валута: денарски кредит или денарски со девизна клаузула
  • Рок на отплата:
  • До 60 месеци за износи до 91.500 МКД / 1.500 ЕУР
  • До 84 месеци за износи до 300.000 МКД / 5.000 ЕУР
  • До 120 месеци за износи до 1.500.000 МКД / 25.000 ЕУР
  • Начин на отплата: преку еднакви месечни ануитети, со можност за траен налог или користење на i-bank дигиталните канали

Со оваа кампања, Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш ја потврдува својата заложба да создава вредност за клиентите преку поволни, безбедни и транспарентни кредитни решенија.

Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на Банката или преку официјалната веб-страница: www.stb.com.mk

Продолжи со читање

Банки

Ново искуство во дигиталните финансии – Комерцијална банка лансираше нов портал за електронско банкарство

Објавено

на

Комерцијална банка со гордост ја пушти во употреба новата Интернет банка – модерен и иновативен портал за беспрекорно искуство во управувањето со личните и деловните финансии. Новата Интернет банка е создадена за да одговори на потребите на модерниот клиент, овозможувајќи му во секое време брз, едноставен и безбеден пристап до неговите финансии – каде и да се наоѓа.

Со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности, Интернет банката дозволува лесно управување со платежни сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени за максимално безбедни финансии.

Новата Интернет банка обезбедува:

  • Подобро корисничко искуство со лесен пристап до производите
  • Иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели
  • Поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции
  • Персонализирани услуги според сечии потреби
  • Максимална безбедност и контрола на сметки и платежни картички

Како долгогодишен лидер во финансискиот сектор, Комерцијална банка со новиот портал за електронско банкарство уште еднаш ја истакнува својата посветеност на иновациите и дигитализацијата, поставувајќи нови стандарди во банкарските услуги.

„Со оваа значајна надградба на нашето електронско банкарство сакаме да им понудиме на клиентите алатка која ги олеснува секојдневните трансакции и им помага да бидат поефикасни во управувањето со личните или деловните финансии. Нашата посветеност на иновациите и дигитализацијата е носечка сила на овие новитети. Веруваме дека новата Интернет банка ќе им донесе на клиентите уште подобро корисничко искуство и заштеда на време и ресурси“, изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Новата Интернет банка, која е изработена во соработка со водечката домашна компанија за дигитална трансформација Некстсенс, е доверлив и неизбежен партнер за сечии лични и деловни финансии затоа што заштедува време и пари и ги извршува сите финансиски активности со беспрекорна ефикасност, брзина и безбедност.

Повеќе информации за новата Интернет банка се достапни на следниот линк, а новитетите на Интернет банка за бизнис финансии се достапни на следниот линк.

Продолжи со читање

Продукти

Ново искуство во дигиталните финансии – Комерцијална банка лансираше нов портал за електронско банкарство

Објавено

на

Комерцијална банка со гордост ја пушти во употреба новата Интернет банка– модерен и иновативен портал за беспрекорно искуство во управувањето со личните и деловните финансии. Новата Интернет банка е создадена за да одговори на потребите на модерниот клиент, овозможувајќи му во секое време брз, едноставен и безбеден пристап до неговите финансии – каде и да се наоѓа. 

Со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности, Интернет банката дозволува лесно управување со платежни сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени за максимално безбедни финансии.

Новата Интернет банка обезбедува:

• Подобро корисничко искуство со лесен пристап до производите

• Иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели 

• Поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции 

• Персонализирани услуги според сечии потреби

• Максимална безбедност и контрола на сметки и платежни картички

Како долгогодишен лидер во финансискиот сектор, Комерцијална банка со новиот портал за електронско банкарство уште еднаш ја истакнува својата посветеност на иновациите и дигитализацијата, поставувајќи нови стандарди во банкарските услуги.

Со оваа значајна надградба на нашето електронско банкарство сакаме да им понудиме на клиентите алатка која ги олеснува секојдневните трансакции и им помага да бидат поефикасни во управувањето со личните или деловните финансии. Нашата посветеност на иновациите и дигитализацијата е носечка сила на овие новитети. Веруваме дека новата Интернет банка ќе им донесе на клиентите уште подобро корисничко искуство и заштеда на време и ресурси,“ изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Популарно