Фото: OpenAI

Претставен во тест форма на почетокот од годината, OpenAI официјално го пушти својот модел за генерирање на видеа, Sora. Оваа верзија треба да е понапредна и побрза од првата, а од компанијата ја нарекуваат Sora Turbo. 

Sora им е достапен само на корисниците кои плаќаат претплата за ChatGPT, односно за ChatGPT Plus и ChatGPT Pro корисниците. 

Со овој нов модел корисниците ја добиваат можноста да генерираат видеа исто како што тоа досега можеа да го прават за слики. Генерирањето се прави врз основа на насоки дадени во текстуална форма, по што се добива крајниот резултат од вештачката интелигенција. 

Како што би се очекувало, резултатите се’ уште се препознава дека се направени од страна на ВИ, колку и да изгледаат добро, па сепак ќе може да се открие дека се работи за видео кое не е вистинско. 

За заштита од можни злоупотреби, корисниците нема да можат да генерираат видеа на било која тема, а секое видео ќе биде означено со што ќе може да се потврди дека е генерирано од sora. 

Видеата кои се генерираат ќе можат да бидат максимално до 1080p резолуција и со должина од 20 секунди. Форматот во кој ќе можат да бидат генерирани е широк, вертикален или квадратен. 

Маркез Браунли нешто порано има добиено пристап до Sora, па во видеото во продолжение ги истакнува неговите заклучоци и можности на овој нов модел. 

ИЗВОРOpenAI
Претходна статијаGoogle го претстави нивниот најнов квантен чип Willow кој донесува неколку пробиви во областа
Следна статијаРаботилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.