
Во понеделник на целата територија на Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време, а претпладне наместа со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Утринските температури се во интервалот меѓу минус 8 и 1, додека соодветно највисоките во текот на денот ќе се движат од минус 2 до 10 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, со температура до 8 степени.