• Мартин Танасковски

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер се повреди на натпреварот против Еспањол и ќе ги пропушти најважните натпревари во наредниот период.
По лекарските прегледи утврдено е дека германскиот фудбалер доживеал помала руптура на бутниот мускул, што значи дека ќе му треба најмалку две недели одмор и терапија. Тој ја напушти играта во 15. минута. Шпанските медиуми повикувајќи се на извори од клубот наведуваат дека Ридигер би можел да се врати на теренот најмногу за 18 дена.
Тоа значи дека сигурно ќе го пропушти следниот меч, во Купот против Леганес, потоа дербито со Атлетико кое би можело да ја одреди шампионската трка, а ќе го пропушти и првиот натпревар од 1/16-финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. .
Најхрабрите прогнози велат дека тој би можел да биде подготвен за реваншот со Сити, но ваквото сценарио е само теорија, бидејќи повредата е таква што е невозможно да се ризикува во нејзиното лекување и во закрепнувањето на играчот.