Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, изјави дека тимот е разочаран од нивниот настап во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Арсенал , кој го загубија со 0:3. Англискиот интернационалец дури призна дека неговиот тим бил блиску до уште потежок пораз.
Белингем кажа дека Реал Мадрид треба да биде среќен што загубил само со три разлика.
„Факт е дека Арсенал одигра многу добро. Првите два гола беа резултат на индивидуална мајсторија, а да бидам искрен, противникот можеше да победи поубедливо. Имавме среќа што примивме само три гола”, изјави Белингам и додаде:
„Следува втор натпревар и помислата на тоа не држи напред. Мораме да направиме нешто извонредно за да продолжиме напред. Но, ако има некаде што може да ги промени работите, тоа е Бернабеу“, изјави англискиот репрезентативец.
Реваншот во Мадрид е на 16 април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА