• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба Герапетритис - Фидан на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел

Средба Герапетритис - Фидан на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел

Атина, 4 април 2025 (МИА) – За меѓународните и регионалните случувања, како и за одредување на следните чекори во билатералните односи разговарале министрите за надворешни работи на Грција и Турција Јоргос Герапетритис и Хакан Фидан на нивната средба во Брисел на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО, брифирале грчки дипломатски извори за државната новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција Тасос Хаѕивасилиу во интервју за грчката телевизија „Скај“ рече дека средбата Герапетритис-Фидан била во добра клима, разговарале за сите регионални случувања и за сè што се случува во САД.

Дополнително, додаде се договориле следната нивна средба да биде на Самитот на министрите за надворешни работи на НАТО на 14 и 15 мај.

- Во однос на Високиот совет за соработка меѓу двете земји, ќе се одржи во текот на годинава, сигурно по Велигден и врз основа на програмата на Мицотакис и на Ердоган, објасни Хаѕивасилиу во однос на следниот Висок совет меѓу Грција и Турција што првично се споменуваше дека треба да се одржи на почетокот на месецов.

За царините од САД, Хаѕивасилиу во интервјуто посочи дека „трансатлантскиот трговски однос е најголем од ваков вид во светот“, дека одлука „ќе биде подеднакво штетна за двете страни и никој нема да има корист од воведувањето царини“, но и нагласи дека „Европската унија мора обединето да одговори“. ср/

Остани поврзан