Реки луѓе од сите делови на Србија од утринава изутрина се слеваат кон Нови Сад, каде што за утре е најавен комеморативен собир по повод годишнината од трагедијата што се случи во тој град. Утре, на 1 ноември, навршува една година од денот кога паднаа тони бетон од натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад врз луѓето што седеа на клупите и го чекаа возот. Цела година протестите низ Србија не престануваат, факултетите се блокирани, а ...

Голем комеморативен собир е најавен за денеска во Нови Сад додека во Србија е прогласен Ден на жалост по повод годишнината од уривање на натстрешницата на железничката станица, пришто животот го загубија 16 лица. Студентите ќе се собираат на 16 локации во главниот град на Војводина од кои, како што најавија, ќе тргнат кон место на несреќата. Повикаа на масовност и учество без свирчиња и други обележја и да ја почитуваат тишината. Српската ...