Спорт
(Видео) Мело Ентони влегува во Куќата на славните

Легендарниот кошаркар Кармело Ентони ќе биде примен во Куќата на славните.
„Ентони ќе стане првиот кошаркар што ќе влезе во Куќата на славните на Нејсмит оваа година“, објави кошаркарскиот инсајдерски Шамс Чаранија.
Кармело зад себе има неверојатна кариера со 19 години минати во НБА и за тоа време шест пати успеа да биде член на најдобрата петорка во сезоната.
Покрај тоа, Ентони беше учесник на десет Ол-стар натпревари, додека со репрезентацијата на САД освои дури шест златни медали на Олимписките игри.
Популарниот Мело својата најголема трага ја остави во тимот на Денвер Нагетс каде настапуваше осум години. Потоа шест години беше член на Њујорк Никс, а на залезот на кариерата играше за Оклахома, Хјустон, Портланд и Лос Анџелес Лејкерс, кој беше неговиот последен клуб во кариерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Мамардашвили: Се обложив со Вини во 50 евра дека ќе му го одбранам пеналот

Голманот на Валенсија, Георги Мамардашвили е херојот на сеозационалната победа на Валенсија во Мадрид над Реал (2:1).
Грузиецот потврди и дека е специјалист за пенали. Во 13. минута при резултат 0:0, Мамардашвили му одбрани пенал на Винисиус Жуниор. Валенсија победи со 2:1, со голот на Уго Дуро во 95.минута и ја оствари првата победа на „Бернабеу“ по 17 години.
По натпреварот голманот на Валенсија откри интересни детали поврзани со овој пенал.
„Се обложив со Вини во 50 евра дека ќе му го одбранам пеналот. Не ги ми даде парите“, изјави Мамардашвили.
Future Liverpool goalkeeper Mamardashvili saving ‘Ballon d’Or’ Vini’s penalty. pic.twitter.com/N5ggi9EsOu
— Samuel (@SamueILFC) April 5, 2025
Спорт
(Видео) Интер се сопна на „Енио Тардини“, Парма ја врати незивесноста во шампионската трка

Парма ремизираше 2:2 (0:2) со Интер на домашен терен. Интер и понатаму е на врвот на табелата, но доколку Наполи во понеделник победи во Болоња, ќе му се доближи на само еден бод.
Во првото полувреме се чинеше дека „нероѕурите“ имаат се под контрола. На одмор заминаа со комотни 2:0 по головите на Матео Дармијан во 15. минута и Маркус Тирам во 45. минута.
Веројатно клучната одлука на натпреварот ја донесе Кристијан Киву, тренер на Парма и поранешен играч на Интер. Романецот направи тројна измена на полувремето, а девет минути подоцна внесе уште еден нов играч. Токму двајца од тие четворица резервни играчи беа стрелци на головите со кои Парма дојде до бод.
Адријан Бернабе погоди во 60. минута по додавањето на Дел Прат, а Швеѓанецот Јакоб Ондрејка во 69. минута на асистенција на Пелегрино ги постигна конечните 2:2.
Спорт
(Видео) ПСЖ ја одбрани шампионската титула

Фудбалерите на Пари Сен Жермен на шест кола до крајот на сезоната ја одбранија шампионската титула во Франција.
„Светците“ на домашен терен го совладаа Анже со 1:0 во мечот од 28. коло од Лига 1 и ја освоија 13. титула во националниот шампион, четврта во низа.
Решавачкиот гол попладнево го постигна младиот Дезире Дуе на асистенција на Хвича Кварацхелија во 55. минута.
Парижаните со натпревар повеќе стигнаа до 74 бода, дури 24 повеќе, во однос на второпласираниот Монако.
ПСЖ во моментов е најуспешниот тим во Франција со 13 освоени шампионски титули. Следуваат Сент Етјен и Олимпик од Марсеј со по 10.