Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на проекти на здруженија на граѓани и фондации кои работат во областа на еднаквите можности.
Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2025 година, согласно Програмата за еднакви можности на Општина Битола за 2025 год. во следните области:
1. Родовата еднаквост преку образование
2. Родовата еднаквост преку медиуми
3. Родовата еднаквост преку здравство
4. Родовата еднаквост преку социјалната заштита
5. Родова еднаквост преку активности против родово основано насилство и трговија со луѓе
6. Родова еднаквост и економското јакнење на жената
Документацијата се доставува во архива или по пошта на адреса: Општина Битола, Комисијата за еднакви можности , Булевар „1-ви Мај“ бр.61; (со назнака – Пријава за јавен повик за еднакви можности) во рок од 15 дена од денот на објавување на овој повик 13.02.2025 година заклучно со 27.02.2025 година.
Повеќе информации за јавниот повик и начинот на аплицирање, ќе најдете на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-poddrska-proekti/.