Гидсел влезе во ТОП 5 на сите времиња, Кузмановски петти стрелец на СП!

Матијас Гидсел одигра уште еден неверојатен турнир. Новата прва ѕвезда на данскиот ракомет повторно одигра брилијантно и покрај златниот медал на ова Светско првенство се закити со уште две индивидуални признанија.

Десниот бек на Данска е избран за најкорисен ракометар на шампионатот (МВП), а првенството го заврши и како најдобар стрелец. Гидсел зад своето има запиша 74 гола и со тоа влезе во ТОП 5 стрелци на сите времиња, кога во прашање се головите на едно Светско првенство. Во оваа конкуренција сè уште лидер на Кирил Лазаров со своите 92 гола во 2009 година, а Гидсел на оваа листа го премина својот поранешен колега и ракометна легенда Микел Хансен, кој пред шест години постигна 72 гола.

Кога сме кај најдобрите стрелци на ова Светско првенство нашиот Филип Кузмановски заврши на петтото место со 49 гола. Пред него се уште Питлик со 50, и Мем и Коста со по 54 гола.