Господски потег на Арсими кон Осогово и градот Кочани

Екипата на Арсими го пречека Осогово во рамки на Втората лига, а раководството на клубот и навивачите имаа господски потег.

Пред натпреварот им се оддаде почит на жртвите во пожарот во Кочани со парола и им се даде на сите до знаење дека цел народ е со Осогово и Кочани и сочувствува за трагедијата.

Исто така за време на мечот во ВМФЛ не се пушташе музика, повторно, од почит кон загинатите во трагедијата и оние кои се борат за своите животи.

Инаку, натпреварот меѓу Арсими и Осогово заврши со победа на домашниот тим од 3-1.