Денес, вторник, 28 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде магливо. Преку ноќта ќе има услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 6 степени.
Утре, среда, 29 јануари, во Битола времето ќе биде променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 5 степени.