Влен: Петар Богојевски лавира во ставовите во зависност од личните очекувања, од реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист

Од:

Коалицијата ВЛЕН има изграден став за провокациите на лицето Петар Богојевски, кој неретко лавира во ставовите во зависност од личните очекувања. Јавноста го памети од поддржувач на СЈО, реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист, ама на батерии, велат од Влен.

„Затоа, уште едно потценување на Албанците е кога ДУИ се обидува да пласира теза дека ЕУ интеграциите на Македонија наводно зависат од ваков лик. Прашањето е зошто ДУИ пред вака да се срами не го прашала Талат Џафери како Богојевски бил државен советник во Министерството за одбрана? Зошто на ДУИ не му пречеа неговите антиалбански ставови кога беа во официјална коалиција со Груевски и Мијалков? За разлика од ова изгубено опозициско раководство на ДУИ, ние не кукаме кога е тешко, туку се бориме системски да ги исправаме грешките. Со сите пречки со кои се соочуваме и со последиците од криминалниот режим на Ахмети, Груби, Османи и нивните послушници кои ги наследивме, ние ќе го реформираме системот и ќе изградиме одржливи решенија за Албанците“, тврдат од Влен.

Би можело да ве интересира

Влен: Албанците беа жртви во монтирани случаи

Влен: Абази мајка за Ахмети и Јахоски, маќеа за Бектеши

Горан Наумовски

ДУИ: Со месеци нема плата за вработените во Инспекторатот за примена на Законот за употреба на јазиците

Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски