Глобалната трговска војна ескалира!? Европа му подготви пеколен одговор на Трамп: Пандорината кутија е отворена!

Земјите-членки на Европската унија во среда, на 9 април, треба да гласаат за контрамерки на американските царини за челик и алуминиум.Ова денеска го изјави висок функционер на ЕУ.Овој предлог на Комисијата ќе биде усвоен доколку не се спротивстави квалификувано мнозинство од 15-те земји-членки кои претставуваат 65 отсто од населението на ЕУ, пренесува Ројтерс.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно денеска силно ги критикуваше новите американски царини и најави дека ЕУ веќе подготвува контрамерки.„Европа е во завршна фаза од првиот пакет мерки како одговор на првите царини за челик, а ние исто така подготвуваме дополнителни мерки доколку преговорите не дадат резултати “, рече Фон дер Лајен.Американскиот претседател Доналд Трамп воведе реципрочни царини за повеќе од 180 земји и територии во светот, вклучително и царина од 20 отсто за стоки увезени од ЕУ, пишува Танјуг.Администрацијата на Трамп, која го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, воведе и царини од 25 отсто за увозот на сите автомобили од странско производство.Тие доаѓаат по веќе воведените царини од 25 отсто за челик и алуминиум.

Пронајдете не на следниве мрежи: