Фудбал Првата македонска фудбалска лига

ПМФЛ: Вардар и Шкендија ремизираа на отворањето на 24 коло

Шкендија е лидер на табелата со 50 бодови, додека Вардар е осмопласиран со 22 бодови.

ПМФЛ: Вардар и Шкендија ремизираа на отворањето на 24 коло

Без победник заврши попладнево дербито меѓу Вардар и Шкендија, кои ремизираа 1-1 во воведниот натпревар од 24 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

На дуелот одигран на ФФМ тренинг комплексот „Петар Милошевски“, гостите од Тетово дојдоа во водство во 22 минута преку Рамадани, а само три минути подоцна Вардар израмни со голот на Спахиу.

Шкендија е лидер на табелата со 50 бодови, додека Вардар е осмопласиран со 22 бодови.

Преостанатите пет натпревари од 24 коло се на програмата утре со почеток во 15 часот, а се среќаваат Брера Струмица – Силекс, Беса – Струга, Шкупи Пелистер, Тиквеш – Гостивар и Воска – Работнички.

Теми на денот

To top