Пролет доминантен во плеј-аутот, Струга поразена во „Македонско сонце“

Разигрувањето за опстанок во Суперлигата започна со очекуван резултат. Во првото од десетте кола екипата на Пролет запиша очекувана победа против Струга со 30-23 (15-12). Со водство во текот на сите шеесет минути екипата на Никола Матлиески впиша бодови со кои граби кон мирен опстанок.

Иако скопјани поведоа со 7-3, следеше реакција на екипата на Наум Танески и Ристиќ и Мијушковиќ донесоа израмнување (10-10). Сепак, до одморот пак Пролет се одкепи и не ја испушти предноста до крајот. Ласко Андоновски и Андреј Стојановски „диригираа“ и вториот дел целосно им припадна на скопјани. Финалните 30-23 се реален одраз на силите.

Најефикасни во домашниот тим беа Стојановски и Андоновски со по шест гола, а Ристиќ со шест и Стојков со пет гола се истакнаа кај Струга. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Пролет и Струга:

Во преостанатите натпревари од првото коло на плеј-аутот вечерва играат Прилеп - Борец Фруитленд и Куманово - Радовиш