26.04.2025 14:46
Вести Свет

Тројца од четворицата исчезнати американски војници се пронајдени мртви во мочуриште во Литванија

Тројца од четворицата американски војници кои се водеа како исчезнати во Литванија, се пронајдени мртви, откако нивното возило било извлечено од мочуриште, соопшти денеска војската на САД.

„Тројца американски војници од Првата оклопна борбена бригада, во рамки на Третата пешадиска дивизија, се пронајдени мртви во Литванија“, соопшти прес-службата на американската војска за Европа и Азија, додавајќи дека продолжува потрагата по четвртиот војник.

Американската војска претходно соопшти дека војниците „изведувале планирана тактичка обука“.

„Спасувачките екипи, денеска од мочуриште во Литванија, извлекоа потопено возило со кое се превезувале војниците“.

Оклопното возило „М88 Херкулес“ е извлечено по шест дена по отпочнување на операцијата за спасување на полигонот „Пабраде“, во близина на границата на Литванија со Белорусија, пренесе Радио Слободна Европа.

Литванија, членка на НАТО и на Европската Унија, е домаќин на повеќе од 1.000 американски војници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Удрил во 87-годишен пешак со автомобил синоќа кај Католичка црква, приведен по полноќ

Дејан Дејан

Телото на починатиот на обдукција, се обезбедуваат снимки од видеонадзорот – детали по увидот за вчерашното пукање кај Бит Пазар

Дејан Дејан

Баран од Норвешка, приведен во Македонија – уапсен албански државјанин на ГП „Блато“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе