Владо Георгиев беше приведен од полиција во вторникот вечерта на регионалниот пат Пљевља – Ранче, во Црна Гора, а како што пренесуваат регионалните медиуми верзиите за причината се разликуваат.
Според црногорскиот медиум „Вијести“, полицијата го привела пејачот, поради возење под дејство на алкохол со концентрација над дозволената граница, но Георгиев тврди дека не бил пијан, туку дека бил приведен поради пребрзо возење.
Сега, пејачот на својот инстаграм-профил го објави лекарскиот извештај со кој повторно сакаше да докаже дека не бил во алкохолизирана состојба.
– Да малтретирате некого е многу дискутабилно, мора да се заснова на факти… држете се до старите правила и бидете фер! Господа, не бидете клошари и уличари, пи*ки без покритие! Само по божја правда и вистина.. Голем поздрав од Херцег Нови” – напишал пејачот покрај објавата.
View this post on Instagram
Инаку, судот за прекршоци во Бијело Поље му изрече парични казни на пејачот во висина од 450 и 250 евра за возење под дејство на алкохол и злоупотреба на дрога. Освен тоа, тој ќе мора да плати и 60 евра за судски трошоци