Кошарка

Драматична сцена и тешка повреда на кошаркар во НБА лигата (ВИДЕО)

Драматична сцена и тешка повреда на кошаркар во НБА лигата (ВИДЕО)

Мемфис Гризлис лесно го реши Шарлот Хорнетс со 124:100 на мечот кој рано утрово се одигра во НБА лигата, а ова беше дуел во кој гостите останаа без младиот играч Џејлен Велс.

Се играше завршницата на првиот дел кога Велс тргна за забивање, ситуација при која Симпсон имаше непотребен контакт по што следуваше тежок пад на играчот на Гризлис.

Тој не можеше да се движи, дојдоа медицинските екипи и на носилки го изнесоа од теренот директно во болница. Играчите се молеа на паркетот, но на крајот се добро се заврши, Велс е свесен, може да ги движи екстремитетите и има само скршеница на зглобот на десната рака.

To top