Револуција во тенисот: Подготвени се 550 милиони долари за петти гренслем во сезона

Тенискиот сојуз на Италија подготви голема понуда и планира да го организира петтиот гренслем во сезоната, односно целосно да го промени светот на тенисот, со оглед на тоа дека во моментов постојат само четири гренслем-турнири, и тоа Австралијан опен, Ролан Гарос, Вимблдон и Ју-Ес Опен.
Италијанскиот медиум „Ла Стампа“ објави дека тенискиот сојуз на Италија има големи планови и наводно понудил 550 милиони долари за лиценцата на мастерсот во Мадрид.
Идејата на Италијанците наводно е во Рим да го направат петтиот гренслем, односно со купувањето на лиценцата на Мадрид ќе му овозможат на турнирот во италијанскиот град да трае подолго.
Засега нема коментар од Мадрид за оваа идеја, а исто така мала е веројатноста дека ќе се случи такво нешто со оглед на фактот дека мора да се консултираат и да биде издадена дозвола од комитетот на останатите гренслем-турнири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Дневен хороскоп за 27 март
Овен Овој ден, конечно ќе можете да…
Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…
До крајот на четврток 27 март во…
Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа
Русија има тајна база за нуклеарно оружје…
Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…
Aston Martin го претстави својот нов модел,…