Економија
Европа бара сојузници за „новиот светски поредок“, најави Урсула фон дер Лајен претседателката на Европската комисија
16.04.2025
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека се повеќе земји во светот сакаат да склучат трговски договори со ЕУ, наведувајќи дека ова е „позитивен несакан ефект“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми царините за стоки увезени во САД.
Фон дер Лајен за германскиот весник „Цајт“ изјави дека „Европа е целосно свесна“ за можностите за „нов светски поредок“.
„Моментално водам голем број разговори со шефови на држави и влади од целиот свет кои сакаат да соработуваат со нас на новиот поредок“, рече фон дер Лајен.
Таа истакна дека не станува збор само за економски врски, туку и за воспоставување заеднички правила и предвидливост.
„Сега мора да го искористиме овој моментум за да отвориме нови пазари за нашите компании и да воспоставиме што е можно поблиски односи со многу земји кои имаат исти интереси како нас“, рече фон дер Лајен,
објави „Политико“.
фото freepic