Цените на акциите на азиските берзи утрово бележат силен пад, откако треба да стапат на сила царини од дури 104% на увозот на кинески производи во САД. Во исто време, доларот ослабна во однос на јенот и швајцарскиот франк – валути кои инвеститорите ги сметаат за сигурно прибежиште во нестабилни времиња.
Индексот MSCI на азиско-пацифички акции во 7 часот изутрина беше во пад од речиси 2%.
Јапонскиот Nikkei индекс се урна за повеќе од 4%, додека берзанските индекси во Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија паднаа меѓу 1,6% и 1,9%. Единствено индексот во Шангај забележа мал пораст.
И покрај тоа што Nikkei вчера порасна за 6% поради надежта во евентуални трговски преговори помеѓу Јапонија и САД, утринава се избриша добар дел од тие добивки.
Јужнокорејскиот Kospi индекс влезе во „територија на мечка“, паѓајќи повеќе од 20% под своето рекордно ниво.