Гала балетски концерт на 26 јуни во Национална опера и балет

3 јуни 2024

На 26ти јуни со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи Гала балетски концерт, во рамките на фестивалот „Скопско лето" 2024.

На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев, концерт мајстор е Климент Тодороски, а репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова, Дафина Данилоска Кочевска, Васил Чичиашвили и Наташа Јосифовска.

Гала балетскиот концерт ќе ги опфати најубавите балетски дела како „Лебедово езеро" од П. И. Чајковски, „Дон Кихот" од Л. Минкус, „Заспаната убавица" од П. И. Чајковски, „Оревокршачка" од П. И. Чајковски, „Рајмонда" од А. Глазунов и многу други.

Објавено:
3 јуни 2024
Категорија: 
Култура