Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј рутински до нова победа во Битола, победена екипата на Куманово (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Куманово 3:0

(25:11; 25:07; 25:19)

Пелистер Волеј во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола по победата во 1/8 финалето од купот на Македонија, лесно дојде и до првенствена победа над Куманово.Во салата “Боро Чурлевски“ во Битола Пелистер Волеј не дозволи никакво изненадување и за нешто повеќе од еден час ја декласира екипата на Куманово со 3:0.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски за победата вели:-Иако изморени од маратонскиот меч во купот, апсолутно сме задоволни од прикажаното, што е потврда на добрата атмосфера и подготвеноста на екипата. Поени освојуваа сите и тоа само зборува за големиот избор во нападот кој го имаа битолските одбојкарки, затоа пофалби за сите.Капитенот Стефани Најдановска стигна до 10 поени, Белокозовска и Димитровска забележаа по 9, Садик и Лозановска по 8, Андоновска 4, Јовчева 2, Стефановска и Стојковски по 1.По победата во 14. коло Пелистер Волеј се наоѓа осамен на втората позиција, се поблиску е до целта и до обезбедување директен пласман во елитното друштво во наредната сезона.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »