Skip to main content
Македонија

Двајца осомничени од ДПИ и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката во куќен притвор

11/04/2025  15:42

Основното јавно обвинителство Кочани денеска до Основниот суд во Кочани достави предлози за продолжување на мерките за обезбедување – притвор и куќен притвор за сите осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека.

Само за тројца од осомничените, поради фазата на прибирање докази и исполнетост на законските услови, се предлага замена на мерката притвор со куќен притвор. Станува збор за двајца осомничени од Државниот пазарен инспекторат и еден припадник на обезбедувањето на дискотеката.

Истовремено, продолжуваат истражните дејствија во повеќе правци и во неколку институции со цел утврдување на евентуална одговорност. Од Обвинителството информираат дека јавноста ќе биде навремено известена по донесување на соодветна јавнообвинителска одлука.