Верстапен се шегуваше за ситуацијата со Норис: „Доста скапа косилка за трева“ (ВИДЕО)

Макс Верстапен четврти пат во низа победи на трката за Големата награда на Јапонија. Холанѓанецот тргна од пол-позицијата, а успеа да го одбрани водството и го победи дуото од Мекларен. 

Трката ја одбележа еден дуел при излегувањето од боксот, кога Ландо Норис иако беше зад Верстапен сакаше надвор од патека да го претекне. Тој заврши во тревата и потоа се врати зад шампионот на патеката. 

  • Моментот кога Норис се обиде да го мине Верстапен: 

По трката во „собата за ладење“ триото кое се пласира на подиумот го прегледа моментот.

  • Ситуација од „собата за ладење“ по трката:  

Макс Верстапен имаше многу интересен коментар и констатира, па двајцата се пошегуваа: „Доста скапа косилка за трева“.