ФИЛИПЧЕ САКА СРЕДБА СО МИЦКОСКИ: Кажа за што би зборувале на лидерската средба

Објавено во: Македонија 02 Април, 2025 15:28
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави темите за кои сака да се разговара на лидерската средба.
Лидерот на СДСМ рече дека прво треба да оствари тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски бидејќи, како што рече, тој прв подал рака и рекол дека средбата е прифатлива. Подоцна би дошла предвид и средба со лидерите на парламентарните партии. Според Филипче, потребно е да се направи нова форма на политички и општествен дијалог во кој ќе се вклучат сите политички партии и други чинители во општеството со цел да се изготви стратегија врз основа на која државата ќе функционира повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении.
Образование, здравство, правосудство, заштита на животната средина и партизацијата во институциите се петте области кои лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека би биле во фокусот на лидерската средба.
„Системот очигледно на многу места не функционира како што треба, јавните сервиси немаат прерформанс каков што граѓаните навистина заслужуваат и за тоа вина имаме сите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии на Албанците и останатите партии. Сметам дека, слушајќи го овој аларм и барањата од граѓаните, потребно е да се направи еден систем, една нова форма на политички и општествен дијалог во кој ќе се вклучат сите политички партии пред сè најголемите и секако други чинители во општеството со цел да се изготват стратешки документи врз основа на кои ќе се направи стратегија врз основа на која државата ќе функционира повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении – многу повеќе од мандатот на која било влада и партија или коалиција која ќе ја води. Во некои области очигледно мора да знаеме каде одиме“, изјави Филипче.По пожарот во Кочани во март каде загинаа 59 луѓе, Филипче бара да се одржи лидерска средба.
Попладнево е соопштено дека утре во 14 часот Мицкоски и Филипче ќе се сретнат.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: „Марш за ангелите“ имаше во Кочани, на точно пет минути по 12 часот

(ВИДЕО) ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ: Докторка низ солзи им се заблагодарува на докторите од Израел, Чешка и Србија

ЦУК: Нанесените дрва што го попречуваа текот на реката Пена се отстранети

ГО ИСКОРИСТУВАЛ ОТСУСТВОТО НА РОДИТЕЛИТЕ И ГО НАМАМУВАЛ ДЕВОЈЧЕТО: Малолетник е осомничен за силување

ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО СЕ ЛЕКУВААТ 69 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ: Каква е нивната состојба?

MAРШ ВО КОЧАНИ: Kој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица?

ПИЈАН НЕГОТИНЕЦ КОЈ НЕМАЛ ВОЗАЧКА УКРАЛ АВТОМОБИЛ: Скршил рампи на наплатните станици на автопатот

ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ: Moжно е зголемување на водостоите на реките
