Јаглеродот не заслужува лустрација туку рехабилитација

Наративот за јаглеродот што го пропагира климатското движење е сосема утнат, заклучува експерт кој се занимава со заштита на околината а своевремено беше голем противник на јаглеродните емисии. Без јаглерод ова планета ќе беша само мртва карпа, вели тој,  и затоа е погрешно да се демонизира и да се бориме против нешто што го испуштаме со секој наш здив.

Согорувањето нафта, гас и јаглен - буквално фосилни горива, создадени од компримирани остатоци од некогашни форми на живот - ослободува јаглерод во атмосферата на Земјата, каде што ја задржува топлината и ја менува климата. Поради тие процеси, на јаглеродот почна да се гледа како нешто против кое треба да водиме битки и војни.

Пол Хокен во неговата нова книга „Јаглерод: Книгата на животот“, тврди дека климатското движење погрешно ја сфаќа својата мисија и испраќа погрешни пораки. 

Тој вели дека воинствените термини и метафорите со кои климатските активисти го врамуваат јаглеродот - на пример „Како да се бориме против тој елемент“? - не само што се неточни туку и ги подгреваат сомневањата дека јаглеродот се демонизира заради сомнителни бизнис и политички мотиви.

Јаглеродот, на крајот на краиштата, е основен градежен материјал на животот, животворна сила за дрвјата, носорозите, хормоните, бамбусот..... Без него, Земјата би била само осамена, мртва карпа. Тој е проток и циклус во атмосферата, водата и почвата, елемент што го впиваат растенијата, а го испуштаат животните со секој нивен здив.

Неговата книга е повик за „одучување“, односно напуштање на старите претпоставки, како идејата дека природата треба да се поправа или контролира, а јаглеродот да се гледа како нешто со кое треба да се излезе на крај и да се зароби во геолошките формации.

Ова е пресврт во ставовите на Хокен, кој и самиот беше противник на карбонските емисии. Пред осум години тој рангираше 100 климатски решенија за намалување на емисиите на јаглерод.

*******

27 март 2025 - 20:40