logo
logo
logo

Уапсени се 12 мажи, осомничени за педофилија, меѓу нив и италијански експерт за заштита на деца

Vecer | 29.01.2025

Уапсени се 12 мажи, осомничени за педофилија, меѓу нив и италијански експерт за заштита на деца

Полицијата поднела обвиненија против уште 14 лица и запленила компјутери во кои имало десетици илјади датотеки со детска порнографија, пренесува Анса.

Биле извршени 26 рации на околу 20 места, вклучувајќи ги Рим, Венеција и Милано, по следење на околу 130 онлајн групи каде што прекршителите споделуваа нелегален материјал.

Сите осомничени се мажи на возраст меѓу 22 и 69 години, вклучително и маж кој тврди дека е поврзан со програми за заштита на децата, но полицијата се сомнева дека тоа било алиби.

Акцијата со кодно име „Viper 2“ произлезе од тајната акција на специјалната полиција од Венеција, при која се уапсени 28 лица и извршени се 60 претреси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk