• Саше Љолес
Македонскиот фудбалски интернационалец, Марио Илиевски, го постигна петтиот гол во најсилниот бугарски шампионат, откако стрелаше во победата на неговата ЦСКА 1948 Софија (4-1) над Крумовград во натпреварот од 26. коло.
Домашниот состав немаше проблеми и водеше со 3-1 уште на паузата меѓу двете полувремиња, а токму нашиот Илиевски го постави конечниот резултат во 64. минута од натпреварот.
ЦСКА 1948 Софија во моментов е десеттопласирана на табелата со 34 бода, а во следното коло ќе се соочи со екипата на Левски на гостински терен.