Кевин Де Брујне по 10 години ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, а наводно следен клуб би можел да му биде – Интер Мајами! Сопственикот на клубот Дејвид Бекам сонува да го додаде белгискиот виртуоз во пеколниот тим со Лео Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Де Брујне, наводно, повеќе гледа кон животот на Флорида отколку во Саудиска Арабија, каде што има и профитабилни понуди.
Поради бројните повреди во изминатите две години, Белгиецот повеќе не е на истото физичко ниво и тешко дека ќе добие задоволителни понуди од најсилните европски лиги.
И претходно кажа дека фантазира за помирен начин на живот и лига со помалку барања, а Америка и МЛС дефинитивно му го носат тоа. Со Де Брујне во тимот, нема дилема дека Интер Мајами ќе биде најсилниот американски тим кој ќе се бори за сите трофеи на континентот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА