Видео од Зеленски како ја напушта Белата куќа по скандалот со Трамп: Неговото лице доволно зборува за невиденото понижување (ВИДЕО)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски луто ја напушти Белата куќа, прекинувајќи ја средбата со Доналд Трамп, претседателот на Соединетите држави.
Она што требаше да биде средба по која двајцата лидери ќе потпишат договор за ретки минерали во замена за продолжување на американската помош за Украина, се претвори во вистинско фијаско.
Зеленски и Трамп си викаа еден на друг, а деталите од расправијата можете да ги прочитате овде .На социјалните мрежи се појави видео на кое Зеленски луто ја напушта Белата куќа. Тој едвај се збогуваше со својата протоколарна придружба пред да се качи во возилото и да замине. Не ја ни погледна својата придружничка во очи и едвај чекаше да замине.
Тој не можеше да го сокрие своето намуртено лице, кое кажува се за средбата, која беше многу кратка во Белата куќа.
Србија денес/ Телеграф