Јавни обвинители од ОЈО Скопје на работилница за истраги во врска со крипто-валути и електронски докази

Тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје учествуваа на дводневна стручна работилница за постапување во истрагите за кривични дела со крипто-валути и во кои се користат електронски докази.

Состанокот организиран од Проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан (WBCJ), заедно со Европската мрежа за судски компјутерски криминал (EJCN), проектот SIRIUS и проектот CyberSEE, се одржа во Националното обвинителство на Република Полска во Варшава и тоа во период кога во тек е полското претседателство со Европската унија.

Настанот собра на едно место обвинители и истражители од Западен Балкан за да ги споделат своите искуства, да разговараат за предизвиците и да ја зајакнат севкупната соработка во борбата против компјутерскиот криминал. Дополнително, учесниците можеа да ги слушнат и искуствата на обвинителите од ЕУ специјализирани за ваков тип предмети.

Сесиите опфатија широк спектар на теми како што се следење и заплена на крипто-валути, дискусии за тоа како крипто-средствата се користат во онлајн измами и перење пари, како и соработка со давателите на услуги за крипто-валути.

Во рамките на работилницата, проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан пред органите за спроведување на законот и правосудните органи од Западен Балкан ги презентираше Насоките на Европската мрежа за судски компјутерски криминал во однос на крипто-валутите, како и алатките кои им се достапни на платформата развиена од проектот SIRIUS за истражување на кривични дела од оваа област.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното