Центарот за управување со кризи информира дека поради излевањето на Маркова Река, се поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и Горно Лисиче.
До 10.00 часот, состојбата е стабилизирана со намалено ниво на вода, а ЈКП Комунална интервенирала со чистење на речното корито. Мостот кај Љубош бил привремено затворен, но до 11:15 е пуштен за сообраќај по контрола, со планови за дополнително зацврстување.
Општина Аеродром: Пријавени поплавен магацин и оштетен коловоз на Булевар „Кузман Јосифовски-Питу“. Мостот меѓу Горно и Долно Лисиче е отворен само за лесни возила.
Општина Кисела Вода: Оштетени 110 пчелни семејства и сандаци кај Сепарација, поплавен мебелски салон на Булевар „Борис Трајковски“, и нанос на дрвена маса во каналите кај Драчево.
Општина Студеничани: Продолжени пријави за поплавени објекти во Батинци, вклучувајќи оштетен магацин.
Општина Чучер Сандево: Реката кај мостот кон Kучевиште не претставува опасност по проверкатa.
Општина Сопиште: Целосно поплавена куќа во селото Држилово со прекин на струја.
Надлежните служби (ЕЛС, ЈП Паркови, ЈП Водовод) се вклучени за утврдување на штетите и преземање мерки. Се очекува состанок на Општина Студеничани за дополнителни чекори.
Според информацијата до ЦУК од УХМР, до сабота ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела поради продор на студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и на повисоките места.
Од управа за хидрометеоролошки работи не известуват дека останува се уште висок водостојот на река Вардар по целото течение на реката. Значително е висок водостојот во Полошката Котлина, во градот Скопје и низводно од него спрема Велес, како и во долниот дел од течението кон Демир Капија и Гевгелија. Во наредните часови се очекува да остане да биде висок водостојот на реката и особено исполнето да биде нејзиното речно корито кај Јурумлери (околу мостовските конструкции), кај Орешани и Зелениково, спротиводно од Велес кај Башино Село, како и на некои пониски висински точки во долниот дел од течението. Доцна во вечерта и за време на ноќните часови се очекува стабилизирање, стагнација и постепено опаѓање на водостојот на река Вардар, прво во горниот дел од сливот а потоа и во долниот дел.
Останатите водостои на реките се се уште високи но се очекува да бележат постепена стагнација и намалување до крајот на денот.
Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците до крајот на денот и особено покрај реката Вардар на посочените локации по нејзиното течение.