Швајцарија прогласена за најпаметна земја во светот

Според најновото истражување на „World of Card Games“, Швајцарија е рангирана како најпаметна земја на светот, оценета по различни критериуми, вклучувајќи го просечниот коефициент на интелигенција (IQ) и нивото на образование.

Иако утврдувањето на интелигенцијата на една земја не е лесна задача, истражувачите се обидуваат да користат релевантни податоци. За ова истражување, се користени извори како Нобеловата награда, „World Population Review“, британската Национална статистичка канцеларија и Американското биро за попис на населението.

Клучните фактори во рангирањето:

Бројот на номинации за Нобелова награда;
Бројот на универзитети со номинации за Нобелова награда;
Просечниот национален коефициент на интелигенција (според скалата Лин-Бекер);
Процентот на возрасно население со завршени најмалку додипломски студии;
Процентот на возрасно население со завршени постдипломски студии.
Швајцарија – земјата со највисок интелектуален рејтинг

Швајцарија ја зазема првата позиција со вкупен резултат од 92,02 поени од 100. Оваа мала, но економски силна европска земја не само што се смета за една од најубавите и најбогатите, туку сега ја носи титулата „најпаметна земја“.

Швајцарците се гордеат со 1.099 номинации за Нобелова награда и просечен IQ од 99,24. Повеќе од 40% од населението има најмалку додипломски студии, а 18% имаат завршено постдипломски студии. Забележително е дека дури 32 универзитети во Швајцарија досега добиле номинации за Нобелова награда.

Доминацијата на Европа во рангирањето

Европските земји доминираат на оваа листа, а единствената неевропска земја во првите десет е САД. САД се наоѓаат на третото место со вкупен резултат од 89,18 поени, веднаш зад Велика Британија, која ја зазема втората позиција со 89,40 поени.

Во Велика Британија, 2.392 лица биле номинирани за Нобелова награда, додека во САД таа бројка изнесува 5.717. Универзитетите во САД исто така доминираат со бројот на Нобелови награди – 256 универзитети биле номинирани, двојно повеќе од Велика Британија која има 128 номинации.

На четвртото место се наоѓа Холандија, која е единствената земја во топ-5 со просечен IQ над 100, конкретно 100,74. Финска, која е на десеттото место, има највисок просечен IQ меѓу водечките земји, 101,20.

Иако Германија има висок ранг по Нобелови награди и IQ, резултатот на земјата е намален поради релативно низок процент на возрасни со завршено високо образование.

Интелигенцијата е повеќе од IQ и награди

Истражувањето покажува дека големиот број Нобелови награди значително го зголемуваат резултатот на земји како САД и Велика Британија. Сепак, некои експерти, како физичарот Марк Кастнер, основач на „Science Philanthropy Alliance“, сметаат дека Нобеловите награди се „заостанат индикатор“ бидејќи ја рефлектираат научната успешност од минатото.

Покрај тоа, културата, општествената слобода, можностите за едукација и иновации, како и креативното решавање на проблеми, играат клучна улога во интелектуалниот развој на една земја.

Извор: Forbes.com

Зачлени се на нашиот е-билтен