Вечерва во Битола се одржа протестниот марш кој започна од плоштадот “Магнолија“, на кој голем број на битолчании поминаа низ Широк Сокак се до Офицерскиот дом.Пред почетокот на маршот за новинарите изјава даде Леонардо Соколов кој рече:
-Македонија трагува, трагедија која нема да се заборави. Не смееме да дозволиме да се повтори. Деца умираат, уѓе страдаат и бараат лек, здравството ужасно, а возилата за итна медицинска помош се бројат на прсти. Институциите потфрлија. Дозволија во штала живи да горат деца, да гори младината и иднината на државата. Корупцијата владее, додека оние кои треба да не штитат и сме ги гласале за подобро утре трошат илјадници евра, пари на граѓаните за да летаат со скапи авиони, додека ние се молиме да пристигне амбуланта зашто наместо вложување во здравството вложуваме во политичарите, во нивната царска исхрана и нивните патувања. Сите си одат, а оние кои останавме тука, умираме еден по еден бидејќи државата не заборавила, ја заборавивте младината и иднината.
На маршот битолчани побараа правда и да се искорени корупцијата од институциите, а беа истакната транспаренти на кои пишуваше: “Свеќите ќе згаснат, но тагате не“, “Смрта е крај, спомените се вечни“, “Корупцијата умира“, “Пепелот зборува за нивната приказна“…
Маршот забрши на платото пред Офицерски дом во Битола каде беа пуштени 59 црни балони за помен на 59 лица кои загинаа во Кочани, во пожарот во дискотеката.

Протестен марш од “Магнолија“ до Офицерски во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Започна електронското пријавување за субвенции за ПВЦ или амуминска дограма
- Петти протест за дислокација на регионалната депонија, во Советот со мали транпаренти, изјаснување преку рефендум за депонијата (фото)
- Кривична пријава за кражба на електрична енергија
- Денес 52. седница на Советот на Општина Битола, на дневен ред завршните сметки и програмите на јавните претријатија
- Во Битола променливо облачно, температура до 6 степени