• Мартин Танасковски

Босанскиот клуб Борац Бања Лука, во чии редови има дури тројца македонски интернационалци, ги заврши настапите во Конференциската лига на УЕФА, каде испиша историја со пласманот во осминафиналето.
- Рапид Виена - Борац Бања Лука 2-1:
На реваншот против Рапид Виена во Австрија, Борац испадна по продолженија. Регуларниот дел заврши 1-1. Босанците поведоа преку Огринец, па Бељо израмни, додека во екстра-времето единствениот гол за Рапид го даде Шауб по асистенција на Бељо во 96. минута.
Од македонските фудбалери, голманот Дамјан Шишковски беше на клупата, Бобан Николов влезе во игра во 74. минута, а Колумбиецот со македонски пасош Себастијан Херера одигра цел меч.
- Серкл Бриж - Јагјелонија 2-0:
Дарко Чурлинов и неговата Јагјелонија исто така се пласираа во следната рунда, но по тежок пат, затоа што едвај го преживеаја Бриж. Тимот имаше три гола предност од Полска, но загуби со 0-2 во Белгија и тоа со втор примен гол во 50. минута. Ван дер Бруген и Фелипе Аугусто погодија за домашните. Чурлинов влезе на терен во 58. минута и играше до крај.
Шведски Ѓургарден го елиминира изненадувањето на сезоната, кипарски Пафос, откако го совлада со 3-0 на домашен терен. Фалениус, Свенсон и Нген погодија за Ѓургарден, а домашните имаа и уште два поништени гола по сигнализација од ВАР-собата.
Словенечки Целје по спектакл со девет гола и пенали обезбеди историски пласман во четвртфиналето. Тимот беше подобар од Лугано. Регуларниот дел заврши 3-2 за Швајцарците, а поради минималната победа на Целје во Словенија, мечот замина во продолженија. Дополнителнјте триесет минути завршија со неверојатни 5-4 за Лугано, па следеа пенали по кои Целје победи со 3-1.