Финансии / Банкарство
КИНЕСКИОТ ДОЛГ Е НЕКОЛКУ ПАТИ ПОГОЛЕМ ОД БДП
27.03.2025
Вкупниот кинески долг е за три пати поголем од бруто домашниот производ (БДП) и ќе продолжи да расте, предупреди Сјуан Чангенг, заменик гувернерот на Народната банка на Кина. Според него, Кина има простор за попуштање на монетарната политика за да може да ја поттикне економската активност во земјата.
- Кина застанува зад ставот за спроведување на умерено лабава монетарна политика, а за тоа постои доволен маневарски простор, изјави Сјуан.
Народната банка на Кина планира да ја намали задолжителната резерва на банките и каматните стапки во одреден момент во зависност од економските и финансиските услови на домашниот и меѓународниот пазар, пренесува Телеграф.
фото freepic