Претседателот на СДСМ, Венко Филипче по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски пред медиумите порача дека имале добар и конструктивен разговор.
Според него, договорено е формирање на заеднички тела или комисии.
„Начелно договоривме дека ќе работиме на начинот да формираме заеднички тела или работни групи во делот пред се на спроведување на реформската агенда. Значи првичните закони кои што треба да стигнат во Собранието во делот на правосудството, нешто што ги тангира сите, понатаму енергетиката и некои работи во однос на стратешките движења и проекти во здравството“, вели Филипче.