Економија

БРИТАНСКАТА ВЛАДА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ПОТРОШУВАЧКА

23.03.2025

Стандардот на граѓаните на Велика Британија ќе се намали  до 2030 година, двојно побрзо за оние со најниски примања отколку за Британците со средни и повисоки примања, покажуваат најновите податоци од анализата на фондацијата Џозеф Роунтри (JRF).

Граѓаните на Велика Британија се  загрижени за планот на  актуелната влада да заштеди околу 5 милијарди фунти со намалување на јавната потрошувачка, вклучително и со скратрување на бенефиции за попреченост. Во исто време, британската канцеларија за буџет (ОБР) се очекува да објави пад на очекуваната стапка на раст за оваа година од 2 на 1 процент. Фондацијата JRF во својата анализа наведе дека просечното семејство ќе има помал годишен приход од 1.400 фунти до 2030 година, што е пад на приходот за три  отсто.

Семејствата со најниски примања ќе имаат 900 фунти помалку годишно, што е намалување  од 6 отсто.

Во студијата се заклучува дека трошоците за домување и падот на реалните приходи најмногу ќе го погодат населението со најниски приходи, пренесува Б92.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО